Облачно со пообилни врнежи

0
1101

Во Македонија времето денеска ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови каде што се очекува и појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 15 до 22 Целзиусови степени.

До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови, па времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Утре и задутре врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе дува засилен северен ветер.