Облачно со повремен дожд

0
493

Облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер поизразен претпладне и во делови од Повардарието. Кон крајот на денот врнежите ќе завршуваат на истокот, а од запад облачноста ќе се намалува. Температурата денес ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Битола дневната температура до 13 степени.

Во следниов период ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во наредните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а преку викендот ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд особено во првиот ден од викендот.