Облачно со сончеви периоди

0
192

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 12 до 18 степени.
Утре во текот на денот времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини со појава на утринска магла.Во вечерните и ноќните часови ќе има зголемување на облачноста и локален дожд во крајните западните делови.
Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.