Облачно со сончеви периоди и засилен јужен ветер

0
487

Променливо облачно со сончеви периоди, од пладневните часови најпрвин на југ ќе дува засилен претежно јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 17 степени.

Во понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, а брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час. Под влијание на влажен бран во понеделник кон крајот на денот и во вторник ќе има врнежи од дожд кои во ноќта кон вторник во западните делови на повисоките места повремено ќе се од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Овие врнежи во северните и западните делови ќе бидат пообилни. /крај/ухрм