Облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот можен дожд

0
328

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 12 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 12 до 23 степени.