Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

0
496

Времето во недела ќе биде облачно, со врнежи од дожд, а на планините се очекуваат врнежи од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни во јужните и во источните подрачја, со воден талог над 25 л/м2. Ќе дува слаб до умерен северен ветар. Температурата на воздухот ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови.

До понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места се очекува да бидат обилни и да надминат 35 л/м2. Врнежи ќе има и во понеделник, но тие ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник утрата ќе бидат посвежи со минимални температури околу нулата. /крај/ухрм