Облачно време со повремени врнежи од дожд

0
213

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе се движи  од 8 до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. Претпладне по котлините ќе има усови за појава на магла.

Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.