Облачно време, температурата до 31 степен

0
793

 

Утрово во Битола облачно време. Времето низ државата во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со умерена облачност, додека попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а УВ индексот ќе биде со вредност 8.

Утринските температури се движат од 14 на западот до 20 Целзиусови степени во централните делови од земјата. Максималните дневно ќе се движат во интервалот меѓу 30 и 37 степени, додека во Битола се очекува температура до 31 степен.

Како и во неделата, и во наредните денови во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Дневните температури ќе бележат благ пад./крај/ухмр/мф