Обновата на пругата од Битола до грчка граница ќе заврши навреме

0
1330

Железничката линија Битола-Кременица до границата со Република Грција се реконструира интензивно, на трасата се работи ефективно и очекувам динамиката да продолжи, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски  при денешната посета во општина Новаци.

Мисајловски посочи дека има секојдневни состаноци со претставници на сите изведувачи и оти се информира за активностите.

– Мислам дека работите ќе се движат уште побрзо, дека времето ќе не’ послужи и оти се ќе заврши навреме, рече Мисајловски.

Градежните активности опфаќаат обнова на 17 километри пруга од крајот на станицата во Битола до границата со Грција и реконструкција на повеќе премини. Се планира и поврзување со новата индустриска зона во Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај (патен и товарен) со придружни објекти, нова сигнализација и телекомуникациски инсталации.

Одговарајќи на новинарски прашања министерот Мисајловски рече дека се преземени мерки за надминување на  проблемите  предизвикани од карпа на пругата Скопје-Битола, кај Богомила.

– Кај населеното место Богомила, на пругата Битола-Скопје, денеска има екипи од Градежен факултет-Скопје и други експерти кои треба да подготват техничко решение и да се надминие проблемот со една карпа која треба да се минира и да биде отстранета. Очекувам брзо решавање на овој проблем што се појавува на пругата, посочи Мисајловски.

Без коментари

LEAVE A REPLY