Обрадовиќ е кандидат за директор на ЕЛЕМ

0
1402

Екс-директорот на Електростопанството на Србија, Александар Обрадовиќ, е кандидат за директор на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), државното претпријатие за производство на струја, потврди премиерот Зоран Заев. Обрадовиќ минатиот месец по скратена постапка доби државјанство од македонската влада.

„Александар Обрадовиќ е квалитетен кадар во областа на енергетиката, но тоа не значи дека по автоматизам ќе биде директор или не. Да, и тој е една од опциите за директор во ЕЛЕМ. Но, ние сѐ уште не знаеме кој од политичките субјекти, дали домашните експерти, ќе преземе одговорност врз која институција. Преуранета е дебатата кој каде ќе биде директор“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по средбата со македонските бизнисмени од Сојузот на стопанските комори.

Минатата недела, на брифинг со новинарите, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој има приватен бизнис и во енергетскиот сектор, одби да коментира дали Србинот Обрадовиќ ќе биде директор на ЕЛЕМ, но рече дека негово лично мислење е оти директор на ЕЛЕМ треба да биде македонски стручњак од областа.

Без коментари