Обрван го објави списокот за дуелите со Швајцарија и Чешка

0
176

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави поширокиот спискот на играчи на кои смета за последните две квалификациски средби против Швајцарија и Чешка.

Во националниот тим Обрван повторно го повика Дарко Димитриевски, а меѓу повиканите е и Ренато Вугринец кој го пропушти двомечот со Франција.

Првиот собир репрезентативците ќе го имаат на 8.јуни, два дена подцна ќе гостуваат во Швајцарија, додека на 14.јуни ќе ја пречекаат Чешка во Скопје.

Списокот на Обрван за мечевите со Швајцарија и Чешка:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Петре Ангелов, Стефан Кимевски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Влатко Недановски

Пивотмени: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски

Бекови: Милорад Кукоски, Наумче Мојсовски, Филип Лазаров, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Филип Талески, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Ренато Вугринец, Горан Кузмановски, Дарко Димитриевски, Никола Стојчевски, Влатко Мирков, Лазо Мајнов.