Обрван: Играчите задоволија, горд сум на нивниот напредок

0
586

Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Ивица Обрван, беше задоволен од играта и залагањето на нашите ракометари на дуелот со Франција и уште еднаш потенцираше дека Македонија играше против најдобрата репрезентација на светот.

„Сме гледале многу вакви натпревари во во кои играте против една екипа која има физичка доминација. Видовте и сами дека многу голови дадоа преку пивотменската позиција, каде што едноставно се нашите играчи се одбиваваа од нивните, едноставно немавме доволно цврстина. Генерално, морам да бидам задоволен од настапот на играчите во 55 минути од натпреварот и не можам да кажам дека во последните пет не сум задоволен, дека тие нешто оплескаа. Одигравме натпревар во кој долго време тука некаде со резултатот, во 52. минута беше 23-22, но на крајот 30:23. Овој резултат ја расипува сликата од она што го одигравме на целиот натпревар. Во финишот од натпреварот во некои ситуации и немавме среќа, стативата на Прибак, потоа наивно загубена топка на центар, па уште една статива на Георгиевски статива. Можеби да не се случеа овие грешки ќе бевме во натпреварот до самиот крај“, изјави Обрван.