Обрван си замина по неуспехот во Гдањск

0
576

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, поднесе оставка на функцијата по дебаклот на квалификацискиот турнир за пласман на олимпијадата во Рио де Жанеиро. Ка што пренесуваат мкедонските медиуми, Обрван, оставката ја поднел на прес конференцијата по поразот од Тунис (26:32).

„Сите ние имавме голем сон, прв пат во историјата на Македонија да се пласираме на ОИ. Не успеавме во тоа, изгоревме во нашата желба и заслужено загубивме. Лошо отворивме, почнавме во грч, потоа не успеавме да се вратиме во мечот. По ова се повлекувам од функцијата селектор на македонската ракометна репрезентација“, рекол хрватскиот тренер.

Обрван стана селектор на Македонија во 2013 година, под негово водство националниот тим играше на две европски и едно светско првенство.