ОБСЕ бара осум нови набљудувачи за предвремените избори

0
461

Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) во Скопје бара надворешни консултанти за набљудување на избори на 24 април. Повикот важи за местата шеф на Мисијата, заменик-шеф, политички аналитичар, изборен аналитичар, правен аналитичар, медиумски аналитичар, координатор на долгорочни набљудувачи и за постапка.

„Следејќи ја официјалната покана за набљудување на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016, базирајќи се на наодите и заклучоците од мисијата за проценка на потребите распоредени од 2-5 ноември 2015 во согласност со мандатот, ОБСЕ/ОДИХР се подготвува за распоредување на набљудувачка мисија за овие избори“, стои во огласот на ОБСЕ.

Согласно условите, се работи за привремени позиции со траење од околу 12 месеци. Кандидатите треба да бидат достапни од средината на февруари. Мора да бидат државјани на земји-членки на ОБСЕ, со исклучок на граѓаните на Македонија. Кандидатите може да се аплицираат за максимум две позиции.Рокот за аплицирање истекува во 18 часот на 24 јануари.

Од ОБСЕ дополнително посочуваат дека ќе има потреба и од 24 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи.