ОБСЕ: Изборите генерално беа во согласност со меѓународните стандарди

0
205

Се вели во соопштението на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за шестите по ред локални избори во Македонија.

Во објавеното соопштение, мисијата на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека се надева оти ова ќе придонесе за натамошен одржлив развој на локално ниво, со цел подобрување на животните услови за сите граѓани.

Според ОБСЕ локалните избори во Македонија биле компетитивни и се почитувале фундаменталните слободи и покрај веродостојни наводи за прекршувања, како купување на гласови, вршење на притисок врз гласачите и изолирани случаи на насилство, за време на предизборниот процес.

„Процесот се` уште не е завршен, но на овие избори се виде напредок во демократскиот процес во државата, како и подем на довербата на гласачите. Се надеваме дека ќе продолжи и во вториот круг“, додаде Одри Гловер, шефицата на мисијата на ОБСЕ.

Во сите нивоа од локалните избори во неделата, воедно им беше обезбеден пристап и на граѓани-набљудувачи, придонесувајќи за транспарентноста и непартиската оценка на процесот. На денот на изборите беа акредитирани преку 3.000 набљудувачи, се наведува во соопштението на ОБСЕ/ОДИХР .