Обука за оние кои издаваат движен и недвижен имот

0
318

Преку практични примери денеска во просториите на УЈП им се одржа обука на граѓаните со цел дас се стекнат со знаења за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности. Обуката во Битола е една од вкупно 46 едукативни работни средби со граѓаните, кои ќе се реализираат и во останатите 36 општини низ Република Македонија

Обуките се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот. Приходите остварени по основ на закупнина издавање земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, викендици, превозни средства и друг вид имот подлежат на оданочување на персонален данок и граѓаните треба да го пријават во УЈП.За не пријавувањето граѓаните можат да заработот казна.

Аконтативната даночна пријава за остварени приходи, информираа од УЈП, и договорот за закуп се доставуваат до Управата, во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите. Образецот, може да се преземе од официјалната страна на Управата која пополнета се доставува до подрачните канцеларии. На обврзникот, додаваат од УЈП, му се признаваат и даночни олеснувања 25 проценти од висината на приходот и 30 проценти од висината на приходот при издавање под закуп на опремени станбени и деловни простории или ставрни трошоци кои треба да бидат документирано докажани.

Како што појаснуваат од УЈП, образецот освен во просториите на УЈП граѓаните може да го превземат и од нивната веб страна