Обвинение против гинеколог од Прилеп за смртта на родилката

0
475

Прилепското обвинителство поднесе обвинение против лекар специјалист гинеколог- акушер Г.О. во Општа болница „Борка Талески” Прилеп за смртта на родилката од прилепското село Беровци.

Жената почина на 18 февруари оваа година. Според обвинението, гинекологот постапувал несовесно при породувањето на родилката.

„При приемот во одделението, осомничениот не презел соодветни дејствија и навремено не интервенирал при породувањето и во периодот по породувањето. Како резултат на ненавремено преземање на соодветни дејствија здравствената состојба кај сега починатата нагло почнала да се влошува заради големото губење на крв, па осомничениот решил да преземе оперативен зафат кој бил безуспешен и не можело да се спречи понатамошното крварење“, соопштуваат од Обвинителството.

И покај тоа што лекарите анестезиолози ги презеле сите дејствија во рамки и во согласност со протоколите и објективната здравствена состојба, пациентката починала како резултат на хеморагичен шок настанат заради обилното крварење.
Жената роди машко дете кое остана живо./крај/мф