Обвинение за 6 професори и асистенти од „Еразмус“

0
454

Обвинетите се товарат дека во повеќе наврати во текот на 2015-та и 2016-та година како лица вработени на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, искористувајќи ја својата положба, сториле неколку кривични дела. Двајца се обвинуваат за сторено кривично дело примање поткуп, еден дека примал поткуп и награда за противзаконито влијание. Други двајца од обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. А едно лице се обвинува за давање поткуп.

Во соопштението на Обвинителството стои дека истражната постапка за сторено кривичното дело. МТВ го контактираше адвокатот на еден од обвинетите, Стерјо Зиков, кој ни изјави дека за обвинението ќе се произнесе дополнително, откако ќе го разгледа и дека сега се воздржува од каков било коментар.

Министерството за внатрешни работи во јуни годинава поднесе кривична пријава против осум лица на возраст од 29 до 65 години, од кои шестмина професори на Економски факултет – Скопје, еден демонстратор и сопственикот на „Боб Ден Кетеринг“.

Според информациите на МВР, професорите примале поткуп од 500 до 1.000 евра од студентите за да им ставаат преодни оценки без да покажат знаење. Во некои случаи тоа одело по разработена шема преку сопственикот на бифето.

Без коментари

LEAVE A REPLY