Обвиненија на специјалното обвинителство против поранешни припадници на ОВК

0
587

По усвојувањето на правилникот за постапка и докази кој е комплетиран минатата недела, Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК од среда ќе биде подготвен за работа.

Приштинските медиуми, повикувајќи се на извори од Специјалниот суд во Хаг, пренесуваат дека наскоро се очекуваат првите обвиненија на специјалните тужители.

„Со стапување на сила на правилникот нема веќе правни пречки за покренување на обвиненија“, пренесуваат приштинските медиуми.

Специјалниот суд, основан во косовското собрание, ќе суди само за злосторства на Ослободителната војска на Косово.