Обвинетиот дека посредувал за личните карти од Пустец Мунир Пепиќ остана без пасош

0
728

Апелациониот суд им ги одби жалбите на седум обвинети во случајот „Титаник“ за изборни измами и злосторничко здружување, кои се жалеа дека им е одземен пасошот и дека треба еднаш неделно да се јавуваат во судот.

Мунир Пепиќ, обвинет дека посредувал за личните карти од Пустец, Коста Митровски, Леко Ристовски, Станко Коруновски, Далибор Алешковиќ и Катерина Веловска остануваат без патни исправи и мора во определен ден да се јавуваат кај шалтерски работник во судот.

Во образложнието на одлуките на скопска Апелација пишува: „По мислење на овој суд, правилно оценил првостепениот суд дека треба да се определат предложените мерки на претпазливост, со цел да се обезбеди присуство на обвинетиот во текот на кривичната постапка, што претставува услов за брзо, ефикасно и економично спроведување на кривичната постапка“.

Најдоцна викендов Апелација треба да ги објави одлуките по жалбите за притвор на СЈО за Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

makfax.com.mk

Без коментари