Обвинетите за Диво Насеље тврдат дека не учествувале во терористички активности

0
874

Јавната седница во судот во Скопје сè уште трае, а сите 29 обвинети за мајските инциденти во кумановското Диво Насеље се изјаснија дека се невини. Одбраната тврди дека нема докази за делото што им се припишува – терористички напад и учество во терористичка организација. Исто така, одбраната тврди тие се бранеле од полицијата, а истрагата е незавршена и има голем број пропусти. Побараа специјалната обвинителка Катица Јанева да го преземе случајот.

Обвинителството истакна дека по нападот на караулата во Гошинце, од каде каде беше украдено оружје, полицијата започнала обемна истрага и следење, па врз база на добиените сознанија и информации судот издал налог припадници на МВР да извршат претрес во кумановската населба.

Како што рече обвинителот Наум Пановски, утрото на 9 мај кога пристигнале полицајците, најпрво врз нив била фрлена бомба, а потоа и вооружената група отворила и оган кон полициските сили. Пановски потенцираше дека во дводневната престрелка загинаа осум полицајци, а повеќе беа и ранети.

Денешната јавна расправа се очекува да трае доцна до вечерните часови, а најавено е дека одлуката за оценка на обвинителниот акт против припадниците на кумановската група, судот да ја објави во понеделник. Тогаш ќе се знае дали ќе биде прифатен обвинителниот акт или тој ќе се преработува.

 Расправата се одвива под силно полициско обезбедување, кое од утрово е распоредено околу комплексот судови, но и низ цело Скопје. Пред судот беа собрани и роднини и пријатели на обвинетите.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY