Обвинители ја обжалија одлуката на судот за прислушуваните разговори

0
223

Најмалку шест жалби во текот на денот се пристигнати во скопскиот Кривичен суд по одлуката на судија во претходна постапка со која аудиоснимките беа издвоени како незаконски прибавени докази. Рокот во кој обвинителите кои работат по предметите за прислушувањето можат да ја обжалат одлуката истекува вечерва на полноќ со што официјалната и точна бројка ќе се знае утре.

Од адвокатскиот тим на Заев очекуваат најголем дел од обвинителите кои работат на предметите да достават жалба. За нив е нејасно зошто воопшто судот ја донел ваквата одлуката и сметаат дека е неопходно што поскоро специјалениот јавен обвинител да ги земе во работа предметите.
Судијката во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска во интервју за Дојче Веле вели дека не смее да се доведува во прашање специјалниот јавен обвинител кој треба да работи со одврзани раце но и смета дека моменталната истрага во обвинителството треба да се води по повисоки стандарди.