Обвинителството бара притвор за дедото на Тамара

0
465

Основното јавно обвинителство отвори истрага за убиство во обид и побара притвор за Љ.С. (60), дедото на Тамара, кој вчера пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, соопшти Јавното обвинителство. Осомничениот се гони и за кривичното дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Осомничениот се гони за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 во врска со член 19 и со Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за определување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување“, соопшти Јавното обвинителство.