Обвинителството ги доставило статистичките податоци

0
239

Од јавното обвинителство  синоќа испратија соопштение до медиумите во кое известуваат дека  во врска со барањето од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, за доставување на статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства во  Македонија, а кои се однесуваат на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, доставен е детален статистички преглед, како и податоци за сите преземени дејствија.

Како што информираат од обвинителството, во  организиран криминал и корупција оформени се три предмети што произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, а во Основното јавно обвинителство – Скопје се оформени 30 предмети кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.