Обвинителството направи претрес во ,,Мосак Фонеска” за Панама пејперс

0
377

Полициски службеници по наредба на панамското обвинителство за гонење на организиран криминал изврши претрес во канцелариите на Адвокатската канцеларија “Мосак Фонсека,” каде бараат докази за перење пари или финансирање на тероризам, пренесуваат локалните медиуми.

Адвокатската канцеларија “Мосак Фонсека” се наоѓа во центарот на вниманието откако протекоа документи кои покажуваат дека оваа адвокатска канцеларија отворила оф-шор сметки за своите богати клиенти од целиот свет, пренесе АП.

По кратко време откако светските медиуми почна да известуваат за скандалот, панамската влада соопшти дека ќе започне истрага.

Без коментари

LEAVE A REPLY