Обжалена судската одлука за „бомбите“

0
618
Од судот известија дека до истекот на рокот кој измина ноќеска на полноќ, пристигнале 21 жалба од Јавното обвинителство и дека обжалените решенија веќе се доставени до адвокатите кои барале доказите да се издвојат од списите.
„Од страна на Основното јавно обвинителство обжалени се вкупно 21 решение на судија на претходна постапка кој одлучуваше по однос на барањето за издвојување на докази од списите на предметите на Јавното обвинителство. Истите веќе се доставени до спротивната страна за одговор, кој во законски предвидениот рок треба да достави одговор по што обжалените решенија веднаш ќе бидат испратени на надлежно постапување на Апелациониот суд – Скопје“ – стои во соопштението од Кривичниот суд.