Од 1 јули ќе може да се увезуваат стари автомобили само со најмалку Еуро 4 стандард

0
1012

Од 1 јули веќе нема да можат да се увезуваат стари автомобили постари од 10 години, односно ќе може да се увезуваат половни возила со најмалку Еуро 4 стандард.

Во 2010 година беше либерализиран увозот на стари автомобили. Само таа година биле увезени 51.399 стари автомобили или вкупниот број на увезени стари автомобили од 2010 година е 272.000. По паркиралиштата за стари автомобили, неофицијално, непродадени стојат околу 70.000 автомобили.

Увозниците на старите возила со стандард Еуро 3 до 30-ти јуни ќе треба да ја платат царината и да ги завршат сите увозни процедури. Рокот за хомологација засега е неограничен.

Царинската управа информира дека во првите четири месеци од годинава биле увезени 9.500 возила, односно речиси двојно повеќе од истиот период лани.

Оваа одлука е донесена на барање на увозниците на автомобили уште од 2013 година, со датум на важење од 1 јули 2016 година. За импортерите, увозот на стари возила е една од главните причини за зголемениот број на жртви по македонските патишта и за зимската загаденост на воздухот.

Компаниите за увоз на нови автомобили бараат и дополнително ограничување на увозот – забрана за увоз на возила и со Еуро 4 стандард, односно постари од 2009 година.