Од 2020 год за влез во ЕУ ќе се плаќа по 5 евра

0
391

Европската комисија, предложи воведување на европски систем за одобрување на патување и граѓаните постари од 18 години од земјите надвор од Европската унија на кои не им треба виза за патувањата во Шенген зоната ќе плаќаат влезница од пет евра. Пријавувањето ќе важи за Македонците и државјаните на сите земји кои не се членки на ЕУ или Шенген зоната, ги анкетиравме граѓаните кој е нивниот став окоу тоа, некои велат дека 5 евра не се ништо, додека други велат дека е глупаво да се плаќа и не го подржуваат тоа.

Еу предлага систем на регистрирање на сите лица кои влегуваат во Унијата за таа да се заштити подобро од тероризам и илегално доселување. Целта за воведување на Системот ЕУ за информации и одобрување на патувањето е зајакнување на безбедносните проверки на луѓето кои без виза патуваат во Шенген зоната, образложи Европската комисија.

Доколку некое барање биде одбиено, значи доколку биде оценето дека некое лице не може да влезе во ЕУ поради тоа што претставува безбедносен ризик или поради опасност во ЕУ да остане да престојува илегално, ќе има можност за поднесување жалба и тоа во Шенген-земјата каде што лицето сака да допатува.

Според Комисијата, во случаите каде не постојат елементи кои укажуваат на потреба од понатамошни проверки, „онлајн“ дозволата за патување во Шенген зоната ќе се издава автоматски, неколку минути по пополнување на барањата.
Податоците би требало да се меморираат за период од 5 години. Пополнувањето на барање нема да трае подолго од десет минути, а од документи е потребен само пасош.