Од август почнува примената на шествалентните вакцини

0
107

Вакцините пред два дена пристигнаа во земјава и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. Од септември се очекува да почнат да се користат и петвалентните вакцини, кои треба да стигнат во август. Државата обезбеди по 50.000 дози, вредни 2,7 милиони евра.

Од есен децата до двегодишна возраст, наместо 13 пати, ќе ги боцкаат седум пати, бидејќи со една вакцина наеднаш ќе се заштитуваат за пет или шест болести, а со тоа ќе се намали и ризикот од појава на вообичаените ефекти од вакцинирањето.