Од Битола со љубов

0
393

Центарот за европски развој и интеграција во соработка со алумните на школата за лидерство и јавни политики Политеа, по 4-ти пат ја реализираше традиционалната изложба Со љубов од Битола, во кафе бар Порта џез, која е аспирација преку фотографија да се потсетиме дека убавината е во окото на набљудувачот и дека сепак Битола во себе крие многу убавина, европски дух и желба за живот.
Оваа година на конкурсот свои фотографии испратија повеќе од 30 автори, а стручното жири селектираше 25 и награди 3 фотографии со прво, второ и трето место.

Првата награда и припадна на Александра Наумовска, втората на Марија Темелковска и третата на Наташа Мустафа.

За првпат оваа година изложбата имаше продажен карактер. Средствата кои беа собрани од продажбата на фотографиите се наменети за набавка на помагала за штитениците од Заводот за ρехабилитација на деца со оштетен слух, говоρ , глас и дρуги пρоблеми во развојот- Κочо Ρацин” од Битола .
Изложбата е отворена до петок 18-ти август.