Од Чкембарите поддршка за фудбалерите на ФК Пелистер

0
1071

Најверната навивачка група на Пелистер, популарните „Чкембари“ излегоа со свој официјален став по повод случувањата во ФК Пелистер.

„Како навивачка група длабоко сме засегнати и загрижени околу последните случувања во и околу ФК ”Пелистер” Битола. Наместо конечна разрешница на повеќегодишните проблеми со кои се соочува клубот,за жал сведоци сме на веќе видено сценарио: долгови кон фудбалерите, стручниот штаб и вработените во клубот име на плата и придонеси ,најави за штрајк итн.

Како навивачка група, како љубители на спортот и фудбалот повеќе пати алудиравме на непочитувањето на обврските од договорот од страна на странките ,но за жал досега ништо не беше преземено во насока на конечно разрешување на проблемите во ФК Пелистер.  И покрај сите кадровски, финансиски проблеми клубот се врати онаму каде што припаѓа,во првата лига. Најмногу благодарение на луѓето кои треба да го превземат натамошното водење на клубот, кои веќе ги презедоа првите конкретни чекори кон создавање на респектабилна фудбалска средина: најава за нови спонзори кои ќе го вратат старото реноме на клубот, доаѓање на дузина нови фудбалери кои ќе го подигнат значително квалитетот на екипата.

Но за жал, новонастаната состојба со неисплатените плати, придонеси за последните неколку месеци сериозно ја доведува во прашање успешната транзиција во управувачката структура на клубот, промени кои веќе требаше да се случат,без некои посериозни проблеми и правни пречки,но за жал на сите искрени љубители на фудбалот во спортска Битола повторно наидуваме на сериозни проблеми.

Како навивачка група, како вљубеници во фудбалот целосно застануваме со безрезервна подршка кон барањата на фудбалерите и стручниот штаб истакнати во ултиматумот од ден 01.07.2016“ стои меѓу другото во соопштението на навивачката група Чкембари.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY