Од денес ќе се казнува по улиците

0
337

Од денеска внимавајте што се вели „отворете си ги двете – четири“, зошто казните ќе ве прогонуваат. Светлата на возилата и дење остануваат вклучени со новиот усвоен Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, Во сообраќај на пат, дење и ноќе,за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Исклучок се возачите на запрежни возила и велосипедистите,освен во услови на намалена видливост. Кај мотоциклите, задолжителна е употребата на светла дење и ноќе, а се предвидува и соодветно светлосно обележување и на велосипедистите заради нивна поголема безбедност во сообраќајот. Казните за возачите што не го почитуваат ова, изнесуваат 15 евра дење и 35 евра ноќе, односно 15 негативни бода. За велосипедистите казната е 50 евра. Со новите измени се прави градација во однос на висината на казните за возење над дозволеното. Доколку се надмине брзината повеќе од 10 километри на час, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Највисока е казната за возење со брзина од 50 километри на час над дозволеното. Освен казната од 400 евра, се одзема и возачката дозвола од 6 до 12 месеци. Грешките на булеварите и улиците нема да останат неказнети. Брзината е ограничена и на патиштата надвор од градските средини и тоа од 90 до 130 километри на час во зависност од условите. Покрај законската регулатива која предвидува поригорозни казни и на самите учесници во сообраќајот треба да им се овозможат подобри услови, особено кога станува збор за велосипедистите, кои подлежат на строги и восики казни, а немаат велосипедски патеки.