Од денес сончево и топло

0
409

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево сомала облачност и слаб ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Максималните дневни температури ќе бида во Скопје 35 Целзиусови степени, Маврово 28, Охрид 31, Битола 32, Кавадарци 36, Дојран 35, Берово 30…

До вторник под влијание на многу топла воздушна маса ќе има секојдневен пораст на дневната температура, која почнувајќи од викендов во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени.

УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја. Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот, прогнозира УХМР Македонија.

Без коментари