Од денеска до 19 август треба да се реши што со спорните 39.502 гласачи

0
562

До 19 август е рокот до кога треба да се избришат или запишат граѓаните од списокот на спорни 39.502 гласачи утврден по теренската и административна проверка на Избирачкиот список од страна на Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија денеска треба да го објави списокот, по што секој поединечно ќе има право да се пријави и да го потврди своето гласачко право во подрачните канцеларии на ДИК или по електронски пат.

Членови на ДУИ кои беа против измените за ваквиот начин на дефинирање на Избирачкиот список, брифираат дека најголемиот број од овие спорни гласачи и од гласачите на посебната листа од 172.000 граѓани за кои се претпоставува дека се во странство, се Албанци.

Неофицијално, најголемиот дел од овие спорни 39.502 гласачи се од скопската општина Чаир (8.659), од Тетово се 6.692 лица, од Гостивар 3.532, од скопските општини Kарпош и Центар 4.008 и 3.005 избирачи…