Од денеска до петок врнежи од дожд

0
569

Денеска времето во целата земја ќе биде облачно со врнежи од дожд и ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат од 14 Целзиусови степени во Маврово, 17 во Охрид, 19 во Скопје и во Битола, 20 во Берово, 21 во Крива Паланка, во Кавадарци 23, Дојран 24…

И утре времето ќе биде облачно, врнежливо и свежо. Во западните и јужните делови од земјата ќе има обилни врнежи од дожд. Дневните температури ќе се движат од 16 до 22 степени.

Во четврток ќе има благ пораст на дневните температури – од 18 до 24, наместа ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и локална појава на грмежи.

Променливо и облачно време ќе се задржи и во петок кога ќе имаме повремени поројни врнежи од дожд и дневни температури од 19 до 25 степени.