Од денеска и над 40 степени

0
445

И за денеска прогнозата е сончево и многу топло, во источните делови со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој повремено ќе засилува, особено на запад. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе се движат од 29 степени во Маврово, 34 во Охрид, 36 во Битола, 39 во Скопје до 40 Целзиусови степени во Дојран.

До сабота вдолж Повардарието максималните температури ќе надминат 40 степени (од 35 до 42 степени).

Во недела поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи и со засилен северен ветер ќе започне значително опаѓање на температурата, прогнозира УХМР Македонија.