Од денеска одлуката за суспендираните решенија на Спасовски и Ременски е правосилна

0
350

Од денеска одлуката за супендираните решенија на Спасовски и Ременски е правосилна, што би значело дека според одлуката што вчера излезе во Службен весник состојбата во Министерството за внатрешни работи и труд и социјална политика треба да се врати пред изборот на Спасовски и Ременски за министри и нивните назначувања на функционери и смени во министерствата.

Вчера министерот Спасовски му пиша на премиерот Димитриев дека одлуката е незаконска и преседан, а Димитриев му одговори дека  Спасовски го прекршил Законот за влада.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев порача дека одлуката нема да ја почитуваат бидејќи е спротивна на Законот и дека Спасовски и Ременски во натамошното останување во Влада нема да потпишат ништо поврзано за избори.