Од денеска пониска цена на струјата

0
1028

Од денеска цената на струјата се намалува за 0,25 проценти што значи дека граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за струја.

Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на подготвителна седница.

Комисијата на  подготвителна седница утврди дека А.Д. Електрани или ЕЛЕМ, имаат зголемени трошоци и затоа цената треба да им се зголеми за минимални 0,05% во однос на досегашната производна цена. Поголемо намалување на тарифите има кај АД МЕПСО и ЕВН Македонија и тоа над пет отсто. ЕВН доби зголемување од занемарливи 0,1 отсто во делот на тарифата за снабдување, а кое се должи на либерализацијата на пазарот.