Од денеска повисоки даноци во Грција

0
351

По вторпат за помалку од една година во Грција од денеска е зголемен данокот на промет од 23 на 24 насто.

Зголемувањето на данокот е во согласност со барањата на кредиторите на земјата во замена за финансиска помош, а овој пат Грците се најразочарани затоа што се погодени главните компоненти на секојдневниот живот.
Од денеска се зголемени и даноците на услуги, како што е интернетот, фиксниот телефон и телевизиската претплата за кабелската и сателитската телевизија.
Мерките беа одобрени од страна на Парламентот пред партнерите на Грција од еврозоната да се согласат да одмрзнат 10,3 милијарди евра помош и да почнат разговори за олеснување на долгот на Атина.
Грчката Влада исто така изврши реформи во пензискиот систем и потпиша договор за амбициозни буџетски цели.