Од денеска со летни гуми, а надвор е зима

0
2651

Денеска, 15 Март, завршува обврската за поседување на зимска опрема во вашето возило.

Oбврската стапи на сила на 15 Ноември минатата година. Казните за не-поседување на зимска опрема изнесуваат 45 евра, односно регистрирање на 25 негативни поени.

Како најдобро се заштедува, доколку на автомобилот му ги менувате зимските и летните гуми, или пак постојано возите со летната варијанта?
Секако доколку сте во можност да поседувате и летни и зимски пневматици, вие заштедувате на долг рок. Имено, однесувајќи се рационално на овој начин летните гуми ќе ги користите во пролетниот, летниот и есенски период, додека пак зимските гуми само во зимски период.

Во последно време нашите граѓаните с è повеќе се заинтересирани за купување и менување на летни или зимски гуми, зависно во кој период од годината се наоѓаме.

Што во ситуација на сообраќајна незгода, ако се носат гуми спротивни на сезоната, дали осигурителната компанија ја покрива штетата?

Животниот век на сет 4 гуми зависи од неколку фактори. Како прво, километрите изминати со пневматиците на возилото. Како второ, начинот на возење на возилото ( во град, на отворено, агресивно и брзо возење, домаќинско возење ). Како трето, при редовна контрола и проверка на пневматиците ( притисокот на воздух ) и нивна ротација во текот на нивното амортизирање, еден сет гуми целосно би ги потрошиле и амортизирале за 40000 – 50000 км, односно во просек за 4-5 години.

Без коментари

LEAVE A REPLY