Oд денеска сончево со пораст на дневните температури

0
286

Oд денеска повторно ќе имаме период на стабилна временска состојба, намалување на облачноста и пораст на дневните температури. Денеска времето ќе биде стабилно, сончево, со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 9 до 18 Целзиусови степени.

Во Битола температурата до 15 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а дневните температури ќе бележат пораст.

Утре ќе биде сончево со температури од 15 до 21 степен. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневни температури од 17 до 23. Од петок можен е и слаб локален дожд со дневни температури од 15 до 20 степени.