Од денеска сончево со пораст на дневните температури

0
299

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во јужните делови попладне променливо облачно со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен североисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 28 Целзиусови степени, во Маврово 22, Охрид 26, Битола 26, Кавадарци 30, Дојран 29, Берово 25…

Од утре ќе преовладува сончево и стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утре и задутре дневните температури ќе се движат во интервал од 25 до 31, а во недела од 27 до 32 степени.