Од денеска вкрстени проверки на податоци

0
387

Вкрстената проверка на податоците од 11 институции кои треба да го дадат новиот изглед на избирачкиот список почнува денеска.

Од тимот информатичари кој работи на прибирањето на податоците, пред членовите на Државната изборна комисија, реферираа дека се соочиле со технички проблеми кои се однесуваат на несоодветниот формат во кој дел од институциите ги чуваат матичните бореви на граѓаните.
Не наидовме на некои невообичаени проблеми. Ова се проблеми од помал обем, кои не се неочекувани и кои нема да го одложат процесот.
Во моментов ги завршуваме последните тестови и вршиме проверка на квалитетот на нашите резултати. За сега се оди според планираното така што вкрстената проверка ќе почне в понеделник, изјави Мајкл Бурке, раководител на ИТ експертската група.