Од дома му украле близу 1.800.000 денари

0
1257

На 09.12.2016 година во Прилеп на ул.„Антон Панов“ во куќа сопственост на Б.М. (41), непознат сторител со насилно влегување преку прозорецот од дневната соба на приземјето, извршил пребарување од каде во една од собите пронашол и одзел околу 800.000 денари, 13.000 евра и 3.000 швајцарски франци, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.770.000 денари. Увид извршила увидна екипа од ПС Прилеп. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.