Од две тегли одзел 8000 швајцарски франци

0
692

На 09/10.09.2016 година во периодот од 20.30 до 01.30 часот во Битола на ул.„Буковски мост“, во куќата сопственост на В.Ш. (57), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот на непознат начин влегол во куќата и, без да пребарува, од подрумот од две тегли одзел 8000 швајцарски франци. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

Уште една кражба во Битола. Во периодот помеѓу 20.30 часот на 09.09.2016 година до 01.30 часот на 10.09.2016 година во Битола на ул.„Лавчански пат“, во куќа сопственост на К.С., непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отварил влезната врата, влегол во куќата и одзел поголема количина златен накит, разни валути и пиштол марка „Парабел“ калибар 9мм, кој сопственикот го поседувал со дозвола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.