Од Грција до Хрватска: Кој е новиот пат на мигрантите?

0
185

Хрватските власти признаа дека во реонот на Дубровник е започната изградба на привремени бегалските кампови, кои ќе можат да прифатат меѓу 3000 и 5000 луѓе.

Новaта – “Јужна рута” повторно ќе тргнува од Грција, но овој пат ќе поминува преку Албанија, Црна Гора и ќе завршува до Хрватска. “Добивме информации дека бегалците ја дискутираат можноста поради лошото време, затворањето на границата со Унгарија и тензиите на границата меѓу Хрватска и Србија да започнат да го користат долниот дел на трасата”, се вели во соопштението на регионалната управа во Дубровник.

Загребскиот весник “Јутарњи лист” пишува дека “Јужниот пат” ќе минува низ Албанија, Црна Гора и Хрватска, а бегалците ќе ги користат граничните премини Виталиј, Горни Бргат и Ново Село.

Како најзгодно место за прифаќање на бегалци е избран полуостровот Превлака, каде постои потребната инфраструктура и опрема, се вели уште во соопштението на регионалната управа во Дубровник.

Подготовките во Превлака се веќе започнати, бидејќи таму се очекуваат да пристигнат и првите мигранти по море. Во овој случај тие ќе бидат пречекани на пристаништето во Дубровник.

Неофицијално се споменува и најоддалечениот населен хрватски остров Ластово, каде има напуштена стара воена база. Ластово може да се претвори во хрватската Лампедуза, се вели во анализата на експертите.

Само за последните 10 дена од Србија во Хрватска пристигнаа над 65 000 луѓе. Вчера попладне заврши блокадата на границата меѓу двете држави, која беше воведена во ноќта меѓу неделата и понеделникот поради огромниот бегалска бран, кој го зафати Хрватска.