Од играчка, плачка

0
391

Технологијата го намали растојанието, како никогаш досега; може да контактирате  со било кого преку мобилен телефон и интернет од милји далеку. Со доаѓањето на паметен телефон, целиот живот е еден од . Вашата забава, општествениот живот, работното место, сè е на вашата дланка во форма на мобилен телефон. Дури и деца на мала возраст имаат паметни телефони, овие денови. Но, не е спорно тоа што сите имаме паметни телефони, спорно е и ризично што ги користиме каде што не треба. Пример занесени во разговорот кој го водиме со некого од другата страна на линијата, или пак занесени во сурфањето на интернет, ја преминуваме улицата каде што ќе ни текне . Освен тоа што може да не изгази автомобил, одејќи по тротоар може да се удреме во нешто или пак во некој, пример велосипедист, и од ударот двете страни да завршат со фатални повреди

-Често зборам на мобилен телефон додека се движам по улица, и човек ако не внимава може да дојде до несреќа, вели битолчанец

-Не е добро да се сурфа и зборува на мобилен додека се движиш, не е безбедно ни за мене а ни за другите, вели битолчанец

Бидејќи мобилните телефони се неизбежен дел од нас , се поставува прашањето за нивна безбедност т.е за евентуалните последици врз нашето здравје кои би можеле да ги предизвикаат поради зрачењето кое го продуцираат. За ова сѐ уште постојат сомневања и се трошат милиони долари на понатамошни истражувања. Едно истражување покажа дека 80 отсто од вработените во рекламната индустрија и 60 отсто од градежните работници се чувствуваат под притисок секогаш да им бидат достапни на својот шеф или на клиентите. Притисокот што луѓето го чувствуваат да одговорат на секој повик, без оглед каде се или што прават, довело до појава на она што еден истражувач го нарекол „култура на прекинување“.Друго истражување спроведено во Канада покажа дека користењето мобилен телефон во текот на возењето е исто толку опасно колку и возење под дејство на алкохол. Опасно е непрописно да се користи мобилен телефон дури и кога се патува со авион. Иако сѐ уште се водат многу полемики, мобилниот телефон и понатаму има силно влијание и во економски и во општествен поглед. Како и неговите електронски роднини,телевизорот и компјутерот, и мобилниот телефон може да ни биде или корисен слуга или суров господар. Одлуката за тоа дали ќе ни биде пријател или непријател дословно се наоѓа во рацете на корисникот.