Од каде им се на џихадистите на ИСИС американски пушки М-16 и 2.300 „хамери“?

0
162

Исламска држава во Ирак употребува американски пушки М-16, јавува американската телевизиска мрежа Ен-би-си. Ирачаните се без коментар.

До јуни годинава, исламистите што под своја контрола држат големи делови од Ирак и Сирија, грабнале 2.300 теренски возила „хамер“.

Појавувањето на пушките М-16 го обелоденила компанијата Флешпоинт, која е и советник за прашања од безбедноста на американската телевизиска мрежа.

„Важно е да се истакне дека припадниците на Исламска држава ретко користат американско оружје, како и дека во нивните раце може да се види само во Ирак“, истакнале експертите на Флешпоинт, објаснувајќи дека автоматските пушки М-16 најверојатно „ги оставиле американските сили или се одземени од ирачките војници“.

 Ирачката војска не дала одговор на ова прашање, но претходно соопштила дека џихадистите на ИСИС до јуни грабнале дури 2.300 „хамери“ што се дел од американската воена помош на оваа држава.
www.mkd.mk