Од куќа во Вашарејца украдени 1.300.000 денари

0
988

На 06.08.2016 година околу 14,00 часот во СВР-Битола, В.К.(58) пријавила тешка кражба во куќата во с.Вашарејца, сопственост на нејзиниот татко извршена од страна на непознат сторител, кој пред околу два месеци на непознат начин влегол во летната кујна и од витрината одзел женска чанта во која имало неколку платнени женски несесери во кои имало околу 1.300.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.