Oд лани ветија капела и гробишта, до денеска ништо од тоа

0
948

Нова капела од 380 метри квадратни, просторија за капење на покојните, мртовечница, работилница за изработка на потребните делови за гробовите, како и сала за организирање на верски обреди,цел комплекс кој ќе биде по сите светски стандарди, катастарски уредени и нумерирани, вака беше најавено уште во 2013 година од страна на битолското Муфтиство за новите муслимански гробишта во градот. Но отогаш поминаа три години и од најавеното нашата камера регистрира само влезна порта и висока бетонско метална ограда.Парцелите за гробиштата се означени но граѓаните од муслиманска вероисповест сеуште не можат да ги користат. Од битолското Муфтиство денеска рекоа дека тој проблем многу тежи и е проблем кој виси и е заглавен во техничката документација.

– Оваа година ќе биде завршена капелата.Тоа е една потреба и ќе мора писмено да ја известиме општината дека ние ќе продолжиме со градежните активности. 4 до 5 години техничката документација е заглавена во лавиринтите на бирократијата, меѓутоа нашите потреби ги надминаа границите на чекање така што ќе мора да преземеме конкретни чекори, изјави Плуми Велиу, битолски Муфтија

На прашањето зошто досега немаат реагирано до општина Битола со оглед на тоа што муслиманите долги години чекаат на изградба на капела па и на целиот комплекс, битолскиот муфтија со одговор

– Кога не можеш да влезеш во суштината на проблемот тогаш не можеш да реагираш, вели Плуми Велиу битолски Муфтија

Уште вчера побаравме одговор од општина Битола дали кај нив е стопиран проектот како што рече битолскиот муфтија но и до овај актуел одговор не добивме. Инаку целиот проект е предвидено да го финансира ИВЗ со сопствени средства. Првите проценки беа дека за цел комплекс ќе бидат потрошени околу 800.000 евра.

Без коментари

LEAVE A REPLY